Иако гордата мама Лепа Брена е главен организатор на 18 роденден на својот син Виктор Живоиновиќ, славеникот во последен миг реши да ги земе работите во свои раце.
Најмладиот Живоиновиќ, Виктор, секојдневно ја посетува халата во која ќе биде организирана прославата на неговиот роденден и со мајсторите работи на подготовка на просторот од 2.500 метри квадратни, каде ќе има околу 400 гости. Додека сценографијата доаѓа од цел свет, Живоиновиќ прави распоред која каде ќе седи. Виктор го контролира и поставувањето на бината на која најголемите ѕвезди ќе ги пеат неговите омилени песни.
Многу колеги на Брена во текот на прославата ќе го земат микрофонот да запеат песни, а и самата Брена ќе отпее неколку песни за синот. За храната е задолжен цел тим на врвни готвачи, бидејќи дел од гостите ќе бидат луѓе кои припаѓаат на светската бизнис елита.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.