| четврток, 6 декември 2018 |

Уште три дена до премиерата на акцискиот блокбастер на годината!

Почна претпродажбата на билети за премиерната проекција на „Ајронмен 3“ во
киното „Синеплекс“!
Филмскиот спектакл „Ајронмен 3“ во киното „Синеплекс“ пристигнува осум дена пред премиерата во САД.

Железниот човек се враќа на платното! Третото продолжение на суперпопуларната филмска франшиза ќе го почне својот киноживот за точно три дена, а меѓу првите држави кои ќе ја прикажуваат оваа нова авантура на неуништливиот јунак на Марвел е Македонија! Во мултиплекс киното, филмот ќе ја доживее својата премиера на 25 април со почеток во 20.30 часот.

Премиерата на филмот е тематски поврзана со првата и ексклузивна „Машка филмска вечер“
во организација на „Синеплекс“ и „Ауди“. Посетителите ќе имаат можност да ја погледнат премиерната
проекција на филмот по намалена цена. Ќе можат да го пробаат и „Машкото мени“ по намалена цена.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top