| четврток, 6 декември 2018 |

Победа на футсал репрезентација на Македонија на гости на БиХ

futsal

Откако беа елиминирани од квалификациите за баражот на Светското првенство во футсал во Колумбија и по промената на кормилото на националниот состав, репрезентативците во футсал ја остварија првата победа под водство на новиот селектор Иван Божовиќ. Во пријателски дуел против футсал селекцијата на Босна и Херцеговина, избраниците на Иван Божовиќ славеа со 2-3 во Зеница откако резултатот на полувремето гласеше 1-1.

Во првото полувреме можеа да се забележат отворени акции на двете страни, а за првиот погодок на средбата се чекаше до 14. миннута кога поведе домаќинот преку Нермин Јусиќ. По негативата од еден гол, македонските репрезентативци го подигнаа нивото на играта, па по две минути голгетерот на Железарец, Дарко Ранготов беше прецизен за израмнување, со фантастичен гол од десет метри.

Набрзо по враќањето на селекциите на теренот, избраниците на Божовиќ поведоа со 1-2 преку Мартин Тодоровски, па Драган Петровиќ зголеми на 1-3. Малиот пад на концентрацијата на гостите по водството го казни капитенот на БиХ, Нијаз Мулахметовиќ, кога и го ублажи поразот на својата селекција, за конечни 2-3.

Втората пријателска средба македонската селекција во футсал под палката на Иван Божовиќ ќе ја одигра на 25. март во Жепче.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top