По денешните напади во Брисел, голем број од фотографии од местото на настанот го преплавија интернетот. Освен морничавите глетки кои можевме да ги видиме на аеродромот Завентем и метро станицата Маелбек во Брисел, една фотографија привлекла големо внимание.

Имено, на фотографијата се гледа момче бегалец како држи напис „Извинете за Брисел“(“Sorry for Brussels”) за време на протестот на бегалците на грчко – македонската граница која е затворена.
Потсетуваме, во белгискиот град Брисел утрово дојде до врзани експлозии на две различни локации, во кои загинаа повеќе од дваесет лица, а ранети се 212.
Две експлозии одекнаа на аеродромот Заватем, а третата во метрото на станицата Маелбек.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


