| четврток, 6 декември 2018 |

Француските медиуми се потсмеваат со Грција: За целиот свет Македонија е Македонија

Француското радио Франс Интер, рано утринава во својата рубрика „Приказни од светот“ подготвувана од Антони Беланже го постави прашањето: – Како треба да се именува Македонија? Прашање кое сигурно дека ќе го чини место грчкиот министер за имиграција Јанис Музалас, притоа радиото се обидува да им го појасни на своите слушатели, проблемот со името на Македонија

Француските медиуми се потсмеваат со грчките позиции за именувањето на Македонија, по предизвиканата владина криза откако еден грчки министер ја нарече Македонија, Македонија, јавува дописникот на МИА од Париз.

Француското радио Франс Интер, рано утринава во својата рубрика „Приказни од светот“ подготвувана од Антони Беланже го постави прашањето: – Како треба да се именува Македонија? Прашање кое сигурно дека ќе го чини место грчкиот министер за имиграција Јанис Музалас, притоа радиото се обидува да им го појасни на своите слушатели, проблемот со името на Македонија.

– Овде, во Франција и во целиот свет, сите ја знаеме Република Македонија. Со главниот град Скопје оваа мала балканска земја, како резултат на поделбата на поранешна Југославија, се граничи со Србија,…. и особено со Грција. Но, треба да се знае дека од нејзиното создавање, Грците одбиваат Македонија да се вика Македонија. За Грците, Македонија е грчки регионот чија престолнина е Солун, започнува објаснувањето на Франс Интер.

Можете да ми кажете како по ѓаволите тие го нарекуваат нивниот сосед?, се запрашува новинарот.

– Како што никогаш нема крај на имагинацијата на Грците, тие ја нарекуваат Република Македонија „Поранешна југословенска Република Македонија“ или АРИМ (француски, односно ФИРОМ според англискиот акроним), одговара новинарот.

Во неговиот извештај на Франс Интер, најслушаното радио во Франција (јавен сервис) понатаму додава дека „Грците, се чувствителни.

– Но, тие, исто така, се членови на голем број на меѓународни организации. Европската унија, ОН, НАТО… и, каде што можат, тие забрануваат да зборуваме за Република Македонија. Ова значи дека од 1991 година, значи 25 години, во сите меѓународни организации, каде што Грците имаат право на вето приндудуваат да се користи познатата кратенка. Со други зборови, на пример во ОН, тоа се нарекува ПЈРМ или ФИРОМ, нагласува во извештајот.

Но проблемот, според Франс Интер, кој се подбива со грчката полемика за името, „е што сега еден министер на Алексис Ципрас, г-дин Јанис Музалас, министерот за имиграција, имал несреќа да го изговори забранетото име на земјата за време на телевизиско интервју. Тоа беше пред два дена и сите сега бараат негова оставка“.

– А приори, ништо сериозно – опозицијата е разбеснета, тоа е игра на демократијата. Освен тоа што Ципрас е на власт во коалиција со националистите. Тие, колегите министри од г-дин Музалас бараат оставка, со закана да ја прекинат коалицијата. Значи коалиција која може да се скрши, па можеби и да следат нови избори, бидејќи министерот само рече на ТВ не Република Македонија, туку само Македонија, исто како и остатокот на светот. Александар Велики, кралот на Македонија мора да се врти во неговиот гроб кој се уште не е најден, заклучува на крајот Франс Интер.

На еден од најчитаните блогови на весникот „Либерасион“ – Кулисите од Брисел подготвуван од дописникот на весникот од европските институции, Жан Катрмер, исто така е посветено внимание на грчката владина криза поради Македонија.

Сириза, според него, е фатеа од нејзините сомнителни сојузи, што би можело да подразбира заминување од власт побрзо отколку што се очекуваше поради изјавата на Музалас, поради која националистите побараа негова оставка или заминување од владината коалиција.

Караницата за името, за Катремер е „Барокна караница (како Франција да и води војна на Белгија, бидејќи таму има белгиски Лорен) која меѓународната заедница не успеа да ја реши за 25 години. Но, тоа кажува многу за локалниот национализам што оди подалеку од радикалната десница, бидејќи и конзервативната Нова демократија побара оставка од Музалас. Тие вторите, се и причината за овој проблем со малата република, особено, Андонис Самарас, претходникот на Ципрас, кога тој беше министер за надворешни работи (90-92).

Всушност, според мислењата во Брисел, Музалас во Атина е еден од најкомпетентните членови (и помалку догматски) во владата на СИРИЗА. – Тоа е оној кој беше во состојба да одговори на барањата на Европејците кои се закануваа да ја суспендираат Грција од Шенген зоната доколку не продолжи контролата на своите граници, особено преку спроведување на така наречените “контролни пунктови”. Но, тој лекар, основач на Доктори од светот во Грција, е осомничен од страна на националистите дека е малку премногу чувствителен за правата на бегалците и дека ги слуша своите европски партнери, вели Анел. Треба да се знае, напоменува францускиот новинар, дека Каменос, во екот на кризата меѓу Грција и еврозоната, се закани дека ќе ги пушти сите џихадисти во Европа

– Националистичкиот водач не му прости на Музалас дека ја мобилизира армијата за изградба на кампови за бегалци, која е еден од ретките органи на грчката држава кшто е функционален. За националистичкиот лидер, тоа не е негова улога, а армијата треба да се концентрира на одбраната на земјата, која се чувствува загрозена од Турција, поранешна колонијална сила, вели тој.

Затоа, посочува, можноста беше премногу убава за националистичкиот лидер да ја пропушти, особено затоа што може да се зголеми имиџот на неговата партија кој е во опаѓање, без разлика дали Ципрас одлучи да го жртвува својот министер или не. Премиерот најави дека тој ќе ја донесе неговата одлука по самитот на ЕУ.

– Тежок избор: ако тој му попушти на својот партнер, кој го поддржува повлекување од еврото, ќе биде малку ослабен во очите на веќе разочараното јавно мислење. Да падне веднаш за Македонија или за неколку месеци за реформата пензии, оваа е равенката со која се соочува Ципрас, заклучува новинарот на париски Либерасион.

Во размената на коментари со читателите на неговиот блог, во однос на својот текст, Жан Катрмер констатира дека „за целиот свет, Македонија е Македонија“.

– Ве потсетувам дека Грција се спротивстави на името северна Македонија или Нова Македонија. Но, затоа пак Македонија е призната од Бугарија според нејзиното име и двете земји најдоа договор за јазикот. На крајот, на секој начин Грците загубија де факто: за целиот свет, Македонија е Македонија“.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top