| четврток, 6 декември 2018 |

ЛЕ: Борусија со една нога е во четврфиналето, солидна предност на Шахтјор (видео)

Во треминот од 19 часот за натпреварите од Лига Европа беа одиграни четири натпревари од осминафиналето.

Borussia Dortmund vs Tottenham Hotspur F.C.

Во првите мечеви Борусија Дортмунд и Шахтјор обезбедија солидна предност на домашен терен над Тотенхем односно Андерлерхт.

Борусија доминираше од првата до последната минута, а од бројните шанси што ги создаде реализираше три, најпрвин преку Обамејанг, а потоа Марко Ројс со два гола во второто полувреме ја запечати судбината на Тотенхем во Дортмунд. „Спарси“ настапија без неколку стандардни првотимци (Кејн, Вокер, Ламела) кои Покетино ги чуваше за следните предизвици во Премиер-лигата, но тоа му се одмазди на стратегот на премиерлигашот, бидејќи со комбиниран состав не успеа да му се спротивстави на одличниот германски прволигаш.

 

Шахтјор си создаде солидна предност против Андерлехт добивајќи го првиот натпревар со 3-1. Таисон, Кушер и Едуардо беа стрелци на головите за украинскиот гигант, додека единствениот погодок за Андерлехт го постигна Ачеампонг.

 

Фенербахче славеше минимална победа на домашен терен над Брага од 1-0. Единствениот гол беше постигнат во второто полувреме во 82.минута, а беше дело на Топал.

 

Бранителот на трофејот Севилја одигра 0-0 на гостувањето против Базел.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top