| четврток, 6 декември 2018 |

Пет гола за едно полувреме: Севилја настрада на „Сантијаго Бернабе“ (видео)

Во вториот денешен дуел во најсилната шпанска лига, Реал Мадрид тотално го потопи тимот на Севилја и на полувреме има огромна предност од 5-0. Зинедин Зидан ги прозва напаѓачите дека нереализацијата на шансите е главна причина за слабиот старт на сезоната, па „кралевите“ конечно се разбудија и заиграа онака како што му доликува на актуелниот првак на Шпанија, но и на Европа.

Дефанзивецот Начо ја отвори серијата голови, со два погодоци се надоврза Кристијано Роналдо, а пред крајот на полувремето прецизни беа и Крос и десниот бек Хакими, за зголемување на мизеријата на гостите од Андалузија.


Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top