Тотенхем го денеска декласираше Стоук со 5-1 и ја прекина црната серија од четири натпревари без победа во англиското првенство. За клубот од Лондон ова значи барем привремено враќање во Топ-5 екипите во Премиерлигата.
Блескаше првиот стрелец Хари Кејн со два гола, а пред него Шоукрос си даде автогол, а стрелец беше и Сон Хеунг-Мин.
Печат на победата на Тотенхем стави Ериксен, а почесен гол за Стоук даде Шоукрос.
Саботната програма од 16. коло во Премиерлигата со сезнација го најави Вест Хем по победата над шампионот Челси со 1-0. Со ист резултат Свонси го победи Вест Бромвич Албион и Барнли го надигра Вотфорд. Хадерсфилд освои три бода со триумф од 2-0 над Брајтон, додека реми, 2-2 одиграа Кристал Палас против Борнмут.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.