Екипата на Борусија Дортмунд синоќа одигра 1-1 со Аузбург, губејќи го водството кое го имаше долго во натпреварот. Можеби една од причините за тоа е необично слабата посета на „Сигнал идуна парк“.
Навивачите на Борусија јасно ставија до знаење дека натпреварите во понеделник не им се по ќеф. Дури 15.000 навивачи на Борусија решија да не дојдат, а сликата на „Сигнал идуна парк“, веднаш стана сиромашна. Германските медиуми пишуваа дека славниот „жолт ѕид“ никогаш не изгледал потажно, а фотографиите тоа го потврдуваат.
Ова незадоволство не е случај само во Дортмунд, туку низ цела Германија. Минатиот понеделник, во Франкфурт играше Ајнтрахт против Лајпциг, а од трибините го „бомбардираа“ теренот со тениски топчиња, како знак на протест.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.