Денеска во седиштето на Европската федерација во Нион (Швајцарија) беше одржана ждрепката за осминафиналето во Лига Европа во кое ќе имаме едно големо супер дерби.
Пресметка ќе имаат калчолигашот Милан и премиерлигашот Арсенал, кои беа меѓу главните фаворити за освојување на ова натпреварување, но само една од нив ќе може да мине во следната фаза и да остане во игра за пехарот кој носи директен пласман во Лигата на шампионите за наредната година. Првата средба се игра во Милано на 8 март, додека реваншот е на програмата на 15 на „Емирејтс“.
Од другите двојки вреди да се издвои онаа од која е дел нашиот репрезентативец Стефан Ристовски кој со својот Спортинг Лисабон ќе излезе на мегдан со Плзен.
Осминафинални парови за ЛЕ:
Лацио-Динамо Киев
РБ Лајпциг-Зенит
Атлетико Мадрид-Локомотив Москва
ЦСКА Москва-Лион
Олимпик М-Атлетик Б
Спортинг Лисабон-Плзен
Борусија Дортмунд-Салзбург
Милан-Арсенал.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.