| четврток, 6 декември 2018 |

Оскаровскиот победник за најдобар филм во „Синеплекс“

Во новото продолжение на „Трилогија различна: Предана“ повторно ќе имаме можност да ја гледаме одличната екипа на Трис и Тобајас, кои ќе се решат на бегство од Чикаго за да откријат што се наоѓа позади ѕидот. Но, дали се спремни за одговорот, за реалноста која ги чека?
„После два филма, добро ги запознавме ликовите и светот во кој се случува приказната, па бевме сигурни дека глумците се спремни за чекор понапред, за нешто сосема ново. Одлично е што ќе тргнат да откријат што се наоѓа позади ѕидот и да ги пронајдат нивните одговори. Кој стои позади сѐ? Што се наоѓа надвор од градот? Што значи да бидеш „различен“? “ изјави продуцентот Даглас Вик.
Што ако целиот твој е свет е лага? Што ако само едно откритие, како и само една улога, можат да променат сѐ? Што ако поради љубов и лојалност ќе направиш неочекувани работи? После верувањето во друштвото кое е уништено од насилство и желба за моќ, Трис заедно со Тобајас одлучуваат да одат и да ги истражат границите на светот кој не го познаваат. Но, ново откритие и вистина кои излегуваат на виделина повторно ќе бараат од Трис да се соочи со неправедноста на човековата природа, но и со самата себе. Истовремено, Трис и Тобајас мора да се соочат со тоа дека нивната положба во друштвото е променета, оние кои биле привилегирани веќе не се.
Филмот „Под лупа“, кој заслужено доби оскар годинава за најдобар филм, е заснован на вистинита приказна од 2002 година, кога тимот на бунтовниот новинар на Бостон Глоуб почнува да ги истражува наводите за злоупотреба на деца во католичката црква. Нивното долготрајно истражување открива децении скриени вистинити работи од највисоките нивоа од верскиот, правниот и државниот систем. Тие го придвижија бранот револуции во целиот свет.
„Повторно љубов“ е романтичен филм за млада жена која се бори да продолжи со нејзиниот живот по смртта на нејзиниот маж, реномиран пејач, кога писател од Њујорк ја принудува да се соочи со нејзината загуба и двосмислените околности на неговата смрт.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top