На дневен ред на пленарната сесија на Европскиот парламент (ЕП) во Стразбур, доцна вечерва, е Извештајот за Република Македонија за 2015 година. Комисијата за надворешни работи на ЕП минатиот понеделникот со 42 гласа „за” и девет „против” ја усвои Резолуцијата, во која известувачот Иво Вајгл предлага до Европскиот совет отворање на преговорите за членство во Европската унија, јавува дописникот на МИА од Стразбур.
Ова ќе биде седма последователна препорака Република Македонија од ЕП до Европскиот совет за отпочнување преговори со Република Македонија.
За Резолуцијата на ЕП ќе треба да се гласа утре и таа се однесува на Извештајот за напредок на Република Македонија во евроинтеграциите што пред крајот на минатата година го поднесе Европската комисија.
Во Резолуцијата има условена препорака за преговори која зависи од успешно завршување на политичката криза со успешно организирани избори на 5-ти јуни.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.