| четврток, 6 декември 2018 |

„Матица“ организира Саем на книга во Домот на културата во Штип

 

По повод јубилејот дваесет и пет години од основањето на „Матица македонска“, од 9 до 13 март годинава, во Домот на културата „Ацо Шопов“ во Штип, оваа издавачка куќа ќе организира Саемски денови на македонската книга. На љубителите на книгата од овој универзитетски град ќе им биде понуден широк спектар на изданија од повеќегодишната богата продукција на „Матица“.

DSC_4229

Ќе бидат организирани промотивни активности на дел од истакнати македонски писатели  со нивните најновите дела: Ристо Лазаров, Трајче Кацаров, Борче Панов, Доне Донев, Благој Самоников и др. Со организирањето на овој културен настан,„Матица македонска“ во соработка со Домот на културата ,библиотеката „Гоце Делчев“ и книжарницата „Мист“ од Штип ја продолжува традицијата за приближување на македонската книга до читателите во нашата татковина.

DSC_5404

Саемот на книгата ќе го отвори градоначалникот на Штип м-р Илчо Захариев, а во чест на оваа манифестација со свои стихови ќе настапат десетина истакнати македонски писатели.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top