-Правев анализа и ја испратив во Америка. Со споредбена анализа дојдовме до исти заклучоци и во Белград и во Мајами, дека тромбозата сум ја добила од голем напор. Сакав да издржам ист напор и со 45 години, како и кога сум имала 25 години. После тие проблеми сепак решив да работам помалку- рекла Брена.
-Пијам лекови за разредување на крвта. Секој ден без исклучок. Ако не ги пијам лековите ќе ми се згрутчи крвта и тоа може да биде кобно за мене – открила пејачката.
Сепак таа не гледа на животот песимистички и вели дека психијатар не и е потребен.
-Народот од овие простори преживеа секакви голготи. Ментално сум јака личност и секогаш сум пронаоѓала решение и без психијатар. Меѓутоа на сите кои носат емотивен товар и болка во душата им советувам да одат на психијатар, и да не се срамат, бидејќи тоа е исто како да одиш на стоматолог, гинеколог- рекла Брена.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.