| четврток, 6 декември 2018 |

Продолжува војната меѓу Брена и Мирослав

брена

ДНК анализата, чии резултати неодамна се објавени, а покажуваат дека Мирослав Илиќ е син на Девин Антоновиќ, ја шокираше јавноста, а пејачот и покрај се  и понатаму одбива да  има било што со Девин. Мирослав инаку се налутил на колешката Лепа Брена, која го нагости неговиот вонбрачен син Девин и мајка му Мира додека престојуваа во Србија.

-Јас скоро 30 години знам дека Мирослав е татко на Девин. Жал ми е што Мирослав ја префрла топката на мене и што не води сметка за своите постапки. Тој тоа треба да го објасни на себе и своето семејство. Многумина од нас можат да посведочат дека тој живееше со Мирјана, патуваше со неа – рекла Брена, која истакнува  дека таа не ја подгреала целата ситуација, како што тврди Мирослав.

-Ништо јас не подгреав. Тој се направи пред 30 години. Тоа е нешто што требало сам да го реши, а не да ја меша Брена или било кој друг, а тоа што зборува дека не го интересира Девин и дека го иритираат прашања за него, зборува за неговата етика и морал-додала Брена.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top