| четврток, 6 декември 2018 |

Диего Симеоне од следната сезона на клупата на Интер?!

Atletico Madrid press conference

Италијанскиот калчолигаш Интер планира на крајот на сезоната да го разреши тренерот Роберто Манчини од оваа фунција, и на негово место да го доведе одличниот менаџер на Ателтико Мадрид, Диего Симеоне, пренесува шпанскиот „Ас“.

На почетокот на оваа сезона, на клупата на „нероаѕурите“ повторно седна Роберто Манчини, кој неколку месеци имаше фантастични резултати, и неговиот тим беше лидер на табелата во Серија А. Меѓутоа, екипата на Интер падна во криза во последно време, по што следат размислувањата за смена. Според информациите, клубот од „Џузепе Мааца“ на Симеоне му понудил петгодишен договор со вкупна вредност од 20 милиони евра.

Популарниот „Чоло“ бележи одлични резултати со „јорганџиите“, а управата на Интер, според пишувањата на „Ас“, е убедена дека тој е човекот кој ќе го врати тимот на старите победнички патеки.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top