| четврток, 6 декември 2018 |

„Убавицата и ѕверот”- премиерa на Охридскиот народен театар

Нова премиера на Народниот театар од Охрид. Овојпат станува збор за детската претстава „Убавицата и ѕверот“, во режија на Ѓорѓи Ризевски. По двете изведби на премиерите на претставите „Стари времиња“ и „Импровокација“ во недела на пладне  почнуваме со делот посветен на младите од страна на охридскиот театар, нагласува директорот на Народниот театар Охрид, Горан Стојаноски.

– „Убавицата и ѕверот“ трае 45 минути и може да се каже дека е наменета за сите возрасти.  Се работи за високо сензитивна претстава, за нешто што на некој начин би го определувало патот на нашиот театар во смисла на играта. Една префинета игра, која не е онака како што порано сме биле научени, тенденциозно на децата да им кажуваме, ова е ова, туку напротив , самото дело е поставено на таков начин на детето да му се прикаже реалниот , вистински момент – вели Стојаноски.

Во оваа љубовна драма може да се види вистинскиот начин на човештвото преку одредените ликови што играат во претставата. Шарл Перолд е автор кој го напишал ова дело, кое е многу познато и играно по филмови и анимации, кое според режисерот е дело преземено од бајка.

– Ние со актерската екипа тргнавме од основата. Нашата дрматизација во суштина треба да ја обедини и да ја даде онаа основа и тема со која ние се занимававме во овој период. Всушност тука станува збор за нашите дела . сите оние кои што ќе дојдат и ќе ја видат претставата , треба да видат дека сепак , да се биде добар избор или да се биде лош избор има разлика. Токму затоа треба да избереме да бидеме добри и успешни  во животот – истакнува режисерот Ризевски.

Според актерите, ваквата претстава е навистина голем предизвик бидејќи е така режисерски поставена без никаква наметливост кон публиката.

– Улогата на ѕверот е доста поучна како карактер за мене, токму поради тоа што во претставата ја барвме внатрешната убавина на човекот а не надворешната и стигнавме до заклучок дека ние блискиот човек до нас треба да го сакаме и покрај неговите недостатоци, не само заради неговите доблести. Јас лично како актер ја најдов провокацијата во тоа дека самите треба да разбереме дека внатре во себе сите сме и мали ангелчиња и мали ѓаволи – истакнува актерот Ивица Цонев.

Убавицата во претставата е доста совршен лик, како надворешно така и внатрешно, ќе каже самата актерка Адријана Билаловиќ – Тодоровска која ја толкува оваа улога.

– Она што го заклучивме додека ја работевме претставата е дека убавината е секогаш на тој што гледа и кога човек е заљубен гледа со срцето а не со очите. Претставата обработува вечни теми како што се љубовта, конфликт помеѓу внатрешни и надворешни вредности  и приоритетите што ги избираме во животот е тоа што всушност нас не прави среќни – додава Билаловиќ – Тодороска.

Претставата која е направена прд се за најмладите пренесува многу јасна порака , но и голема забава за нив. Актерот Павел Маслов кој во претставата го игра ликот на таткото, истакнува дека тоа е еден карактер кој е најјасно извајана фигура со еден концизен и дефиниран став кон двете ќерки.

– Таткото има две ќерки, типични едната добра а другата е лоша. Неговата љубов е секако еднаква кон двете, меѓутоа моментот е тука каде што тој мора да ги оцени нивните карактристики и особини како човек. Не може да биде слеп меѓу лошите работи и злобата која ја поседува едната ќерка и добрината која ја има убавицата или добрата ќерка. Со тоа сакаме да прикажеме дека ликот е еден контрапункт на еден современ родител кој заслепен од својата љубов кон децата е слеп за постапки кои не би требало да бидат оправдани од страна на родител – додава Маслов.

Ваквите се позачестени премиерни изведби на Народниот театар од Охрид се должат на пред се квалитетно испланираната програма за секој месец, како репертоарска така и продукциска. Според првиот човек на театарот, Стојаноски од понеделник се почнува со нова програмска претстава „Парламентарки“ од Ненад Витанов, потоа ќе следи проектот на Никола Тодороски „Писма од земјата“ на 5 март .

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top