| четврток, 6 декември 2018 |

Кучето кое одбило да го пушти својот другар сам на операција

kuce i dete

9-годишниот Џејмс Ајзак има тежок живот иако има толку малку години. Тој е аутистичен и подложен на силни напади кои тешко се лекуваат.

Неодамна Џејмс морал повторно да појде на магнетна резонанца за да се постави дијагноза за неговата болест, и тој како и секое дете бил исплашен. За среќа, Џејмс го има своето куче Мејх кое е со него за сето време.

dete i kuce1
Мејх е црн лабрадор кој е донесен во семејството на Џејмс со една цел – да му помага на момченцето. Покрај Мејх малиот Џејмс се чувствува сигурно и смирено – дури и кога е подложен на медицинските третмани. Семејството на Џејмс направило неколку фотографии за време на престојот во болница на двајцата најверни другари, кои се толку трогателни што дефинитивно ќе ве расплачат.

dete i kuce2

Мејх за време на престојот во болница правел се за детето да се чувствува безбедно и сигурно. А дури одбил и да го напушти својот пријател, па дури и лежел со него во болничкиот кревет. Бил покрај него и додека Џејмс добивал анестезија.

Како што велат родителите на Џејмс, квалитетот на животот му се подобрил многу откако пред две години во домот дошло кучето, инаку специјално тренирано за вакви деца. Тој наводно може да ги забележи предупредувачките сигнали пред напад и почнува да лае за да ги извести родителите.

Ова храбро момче е среќно што покрај себе има некој толку специјален како што е Мејх.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top