| четврток, 6 декември 2018 |

Просечната нето-плата во декември 22.715 денари

Просечната месечна нето-плата по вработен во Македонија во декември минатата година изнесувала 22.715 денари, објави денеска Државниот завод за статистика.

Зголемувањето се должи, пред сѐ, на порастот на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен во секторите: административни и помошни услужни дејности  за 11,00 отсто, уметност, забава и рекреација за 6,1 отсти и информации и комуникации за 5,8 отсто.

Зголемување на просечната нето-плата по вработен, во однос на претходниот месец, е забележано во секторите: Стручни, научни и технички дејности за 18,8 отсто, Информации и комуникации за 9,9 отсто и Трговија на големо и трговија на мало; поправка на моторни возила и мотоцикли за 8,9 отсто.

Просечната месечна исплатена бруто-плата по вработен во декември 2015 година изнесувала 33.299 денари и бележи пораст од 1,7 отсто. 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top