
Селекторот на фудбалската репрезентација на Италија, Антонио Конте, одговорил потврдно на раководството на Челси на понудата да пристигне на „Стемфорд бриџ“ на стартот од новата сезона, открива „Газета дело спорт“. Тој треба да биде новиот менаџер на лондонските „сини“, наследувајќи го Гус Хидинк, кој ќе работи до крајот на оваа сезона, а потоа ќе замине во пензија.
Италијанецот ќе ја води селекцијата на „аѕурите“ на Европското првенство, а потоа ќе си замине од кормилото и ќе му се посвети на клупскиот фудбал. Засега нема потврда на оваа информација ниту од Челси, ниту од самиот Конте.
Според медиумите на Островот, за кормилото на Челси се споменуваат и Хорхе Сампаоли, Диего Симеоне и Масимилијано Алегри.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


