| четврток, 6 декември 2018 |

Лазаров почитуван секаде во Европа, детенце се потруди да научи македонски за да го добие дресот на Кире

kire lazarov

Македонскиот капитен Кире Лазаров постигна седум гола во триумфот над Кангас (34-22), а по натпреварот се најде во навистина интересна ситуација.
Во фан-зоната во салата го пречека едно детенце кое држеше транспарент, на кој на македонски пишуваше „Лазаров, ми ја дадете вашата потпишан кошула. Ве молиме”. Нормално, детенцето го бараше дресот од Кире, а нашиот капитен му го даде без разлмислување и потоа го пофали – „Детето го заслужи подарокот за трудот што го вложи да го напише барањето на македонски. Секоја чест!”, гласи коментарот на нашиот најдобар ракометар.

kire lazarov

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top