Сопственикот на Челси, Роман Абрамович, најверојатно ќе успее во својата намера, да го доведе на „Стемфорд бриџ“ својот прв „пик“ за нов менаџер, Диего Симеоне. Аргентинецот тренер бележи одлични резултати со Атлетико Мадрид во изминатиот период. Тој успеа дури и да освои шампионска титула во конкуренција на Барселона и на Реал Мадрид, и се наметна како еден од најдобрите и најбараните тренери во Европа.
Иако не е официјално потврдено, шпанските медиуми откриваат дека Симеоне веќе го известил раководството на Атлетико Мадрид дека ќе си замине од клубот по завршувањето на сезоната и дека ќе замине во Челси. Со англискиот премиерлигаш, кој се уште е актуелен шампион, но има очајна сезона во Премиер – лигата, треба да потпише четиригодишен договор, а би имал годишна плата од 12 милиони фунти.
По лошите резултати на почетокот од сезоната Жозе Мурињо си замина од редовите на Челси, а пожарот го гаси Гус Хидинк, кој ќе ја извршува менаџерската функција до крајот на сезоната.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.