| четврток, 6 декември 2018 |

Потврда и од Кил, Кањелјас од следната сезона во Вардар!

kaneljas

Хоан Кањелјас ќе биде нов ракометар на РК Вардар почнувајќи од следната натпреварувачка сезона, објави денеска германскиот првак Кил. Шпанскиот бек имаше договор на уште една сезона со Кил, но германскиот клуб се договорил со македонскиот првак околу висината на отштетата, што засега се чувса во тајност.

– Хоан доби понуда за долгорочен договор со Вардар. Затоа, постигнавме договор со ракометарот, а потоа и со неговиот нов клуб. Мило ни е што експресно ги договоривме сите детали, за Кањелјас сега максимално да се фокусира на преостанатите натпревари до крајот на сезонава. Неговата помош ќе ни биде добредојдена во период кога имаме толку многу повредени ракометари – изјави менаџерот на Кил, Торстен Сторм.

Кањелјас во изминатите две години во неколку наврати беше поврзуван со трансфер во Вардар, но во 2014 година ги разочара „црвено-црните“ кога при заминувањето од Хамбургер ја прифати понудата на Кил. Македонскиот првак не се откажа, па сега конечно успеа да го убеди Шпанецот да се приклучи на четата на Раул Гонзалез.

Шпанскиот бек беше присутен на последниот меч на ЖРК Вардар, на домашен терен против Савехоф, што беше јасен предзнак дека тој својата кариера ќе ја продолжи во Македонија.

фото: екипа.мк

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top