Колекција на спортска гардероба која ја потпишува дизајнерката Ирина Тошева за македонската фабрика „Цеботекс“ ќе биде презентирана на 10 февруари, со почеток во 11.30 часот, на скејт – паркот лоциран на Кејот на реката Вардар.
Спортската колекција под името „Cebotex activewear by Irina Tosheva “ е реализирана во рамките на проектот „Професионално менторство, соработка и размена на знаења и техники меѓу дизајнерите и фабриките “ кој е поддржан од Министерството за економија на РМ, односно Секторот зa претприемништво и иновации.
Проектот е дел од бизнис програмата на последната дванаесетта сезона на Моден викенд Скопје, која резултираше со соработка помеѓу македонската фабрика за спортска гардероба „Цеботекс“ и дизајнерката Тошева која работеше на колекцијата неколку месеци .
Парчињата од колекцијата ќе бидат веднаш достапни за продажба во ателјето на дизајнерката Тошева како и на веб страниците www.bastetnoir.com и www.irinatosheva.com .
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Заврши Моден викенд Скопје: Песните за Дениција на Петре М. Андреевски инспирација за мултимедијалната презентација на Ирина Тошева
-
Ирина Тошева, моден дизајнер: Македонија е непресушна ризница за творечки идеи
-
Третпат „Паратисима Скопје“ од 10 до 12 јуни
-
Ирина Тошева креираше урбани и спортски парчиња за „Цеботекс“ (фотогалерија)