Шеснаесеттиот Моден викенд Скопје под мотото #Stopthetraffik заврши синоќа во Иновативниот центар на Македонски Телеком со мултимедијална презентација на Ирина Тошева поддржана од topsi.mk.
Циклусот песни за Дениција од Петре М. Андреевски се инспирација за новата колекција есен/зима ‘17/’18 на Тошева.
Од љубовта кон жената до родољубието, цел спектар на емоции се преточени во креациите, оставајќи им можност на модните вљубеници самите да ја препознаат својата љубов меѓу нив. Користејќи главно природни материјали како памук и свила низ моделите на Тошева се проткајува естетска приказна што ги премостува модата и поезијата, а излегува надвор од временските рамки.
Модниот настан започна на 22 октомври во „Скопје Мериот Хотел“ каде што за три дена беа прикажани четиринаесет ревии.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.