| четврток, 6 декември 2018 |

Ирина Тошева креираше урбани и спортски парчиња за „Цеботекс“ (фотогалерија)

Дуксери, маици и хеланки се само дел од колекцијата со потписот на дизајнерката Ирина Тошева во продукција на македонската фабрика „Цеботекс“, која беше презентирана денеска на скејт – паркот лоциран на Кејот на реката Вардар, во организација на Моден викенд Скопје.

Фото од каталог

Колекцијата која вбројува 15 спортски машки и женски парчиња и го носи името „Цеботекс активвер бај Ирина Тошева“ (Cebotex activewear by Irina Tosheva) и беше претставена со необичен перформанс на манекенки, „бемиксери“ и „блејдери“ со музиката на диџејката Ана Мало.

Слика 5

Спортската колекција е реализирана во рамките на проектот „Професионално менторство, соработка и размена на знаења и техники меѓу дизајнерите и фабриките “ кој е поддржан од Министерството за економија на РМ, односно Секторот зa претприемништво и иновации.

Слика 4

Проектот е дел од бизнис програмата на последната дванаесетта сезона на Моден викенд Скопје, која резултираше со соработка помеѓу македонската фабрика за спортска гардероба „Цеботекс“ и дизајнерката Тошева која работеше на колекцијата неколку месеци.

Слика 3

– Редовно ги поддржуваме талентираните дизајнери и развојот на домашната економија. Со таа цел се трудиме да ги поврземе креативците со македонските фабрики и брендови. Сметаме дека Македонија има дизајн кој не заостанува во однос на познатите странски брендови а и цените на оваа колекција се достапни за домашните купувачи – велат организаторите на настанот.

Слика 2

Слика 1

 

 

фото: Дими и Ани

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top