Според денешната официјална листа на бројот на претставници од секоја од европските држави, Македонија е сместена меѓу нациите кои добиваат едно место меѓу тимовите кои ќе мора да минат најмалку две нивоа за да стигнат до место во групната фаза, каде ќе се поделат најголем дел од богатите парични награди. Покрај македонскиот шампион тука се и прваците на Белорусија, БиХ, Бугарија, Данска, Естонија, Финска, В. Британија, Унгарија, Летонија, Холандија, Португалија, Романија и на Украина.
Во квалификациите ќе настапат 32 екипи, а осум од нив ќе обезедат место во главната фаза од ЛШ. Првата рунда ќе се одигра на 27 и 29 септември, а втората на 4 и 6 октомври годинава. Натпреварите ќе играат според системот дома-гости, а понатаму ќе се пласира екипата која ќе биде подобра со собирање на поените од двата меча.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.