| четврток, 6 декември 2018 |

Споделил фотографија од ќерка му на интернет и тоа и го спасило животот

Еден татко решил на интернетот да сподели фотографија од ќерката по првото бањање затоа што направила смешна гримаса на лицето. Не можел ниту да сонува дека токму таа фотографија е и го спаси животот.

BEBEBE

Девојчето кое нема повеќе од месец дена, на фотографијата има смешна гримаса на лицето. Токму како и овој татко, голем број на корисниците на Имгур, социјална мрежа на која ја споделил фотографијата, слатко се насмеале кога ја виделе.

Додека се реда шеговити коментари, еден педијатар забележал нешто сосема поинакво. Наместо смешниот израз на лицето, нему внимание му го привлекла бојата на нејзините очи.

бејбибум

-Дали очите и се помалку жолти?Мене така ми делува, но тешко е да се кажа бидејќи целата фотографија е малку пожолтена. Веројатно не е ништо, но може да биде и симптом на неонатална жолтица. Ако кожата и очите и се помалку жолтеникави, можеби би требало да ја однесете на преглед –напишал докторот.

Таткото го видел овој коментар и кога малку повеќе обрнал внимание, очињата навистина и биле пожолтени. Ја однел на доктор и добила соодветна терапија и сега е совршено здрава.

Неонатална жолтица, инаку, е  честа појава кај бебињата но непоходно е веднаш да се лекува. Доколку не се лекува, може да остави сериозни последици на мозокот и потенцијално е смртоносна.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top