| четврток, 6 декември 2018 |

Пријавен случај на вирус зика добиен преку сексуален контакт

Редок случај на вирусот зика пренесен преку сексуални односи, а не убод на комарец, е пријавен во САД, објави „Би-би-си“.

Пациентот бил заразен во Далас, Тексас и најверојатно се инфицирал со сексуален контакт, изјави за „Би-би-си“ преставник на Центарот за контрола на болести (ЦДЦ).

Лицето не патувало во заразените области, но партнерот се вратил од Венецуела.
Вирусот зика се пренесува од комарци и тој се поврзува со илјадници бебиња родени со неразвиена мозоци.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top