| четврток, 6 декември 2018 |

Ќе ја одложи ли вирусот зика Олимпијадата во Рио? Се огласи СЗО…

rio-pano-stadium

Светската здравствена организација (СЗО) денес соопшти дека за загриженоста од вирусот зика и неговото можно влијание на Олимписките игри во Рио де Жанеиро, на спортистите и посетителите ќе им понуди јасни упатства засновани врз научна основа.

Портпаролот на СЗО, Кристијан Линдмајер изјави дека фамата околу вирусот зика е настаната поради „огромна застапеност на таа тема во медиумите, посебно околу Олимпијадата во Рио“.

Здравствената агенција на Обединетите нации основа одбор кој ќе го следи и процени развојот на вирусот зика кој го пренесуваат комарците, а предизвикува тешки оштетувања на ембрионот, а кај возрасните предизвикува невролошки проблеми, вклучувајќи и редок синдром кој може да биде смртоносен или да доведе до привремена парализа.

Епидемијата започна пред една година во Бразил, а сега вирусот е проширен во повеќе од 60 земји низ светот, од кои најраспространет е токму во земјата домаќин на ОИ ова лето.

zika-search

Генералната директорка на СЗО, Маргарет Чен формираше на почетокот од месецов стручна комисија која ќе одлучи дали Олимписките игри во Рио де Жанеиро ќе се одржат по планот, поради се поголемата загриженост околу вирусот зика.

Група од повеќе од 200 експерти минатиот месец упатија отворено писмо до здравствената агенција на ОН, повикувајќи Олимпијадата да се одложи или премести „во интерес на јавното здравје“.

Меѓународниот олимписки комитет соопшти дека нема причина да се одложат ОИ, кои ќе се одржат од 5. до 21. август.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top