Во Кина е регистриран првиот човек заразен со вирусот зика кој неодамна престојувал во Венецуела.
Како што објави националната Комисија за здравство, пациентот брзо заздравува.
Инфицираниот маж е на возраст од 34 години и бил лекуван во Венецуела на 28 јануари пред да се врати во Кина на 5 февруари.
Вчера било констатирано дека е носител на вирусот и веднаш е хоспитализиран, јавија кинески медиуми.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.