| четврток, 6 декември 2018 |

Топлиот бран од Африка ќе донесе наезда од комарци, крлежи и змии во Македонија

Топлиот бран од Африка во Македонија ќе донесе наезда од комарци, крлежи и змии. Високите температури ќе го зголемат ризикот од ширење на западнонилска треска и појава на вирусот „зика“ која засега не е регистрирана во Македонија. Опасните заразни заболувања можат да дојдат преку меѓународниот транспорт и поголемата раздвиженост на патници во летниот период. За спортистите и делегациите кои ќе одат на олимпијадата во Бразил, како и оние кои ќе летуваат на Карибите, епидемиолозите им советуваат да носат препарати за заштита.

-Засега во европскиот регион има импортирани случаи, но топлото време ќе го зголеми бројот на комарци. Затоа покрај репеленти да имаат и кондоми за заштита при сексулани односи. овде да избегнуваат мочурливи површини и да ставаат заштита на прозорците. оние кои се враќаат од ризични земји, најмалку две недели по враќањето ако имаат некои симптоми да побараат лекарска помош – вели Јованка Костовска, државен советник во Министерството за здравство.

Покрај комарците овој период опасни се и крлежите кои можат да пренесат лајмска болест. Изминатите три месеци само на Инфективна клиника помош побарале околу 300 каснати граѓани меѓу кои и голем број на деца. Горештините ќе ги раздвижат и змиите кои можат да бидат и фатални за луѓето ако навреме не биде побарана лекарска помош.

-Сите здравствени установи веќе се известени и имаат од неопходниот серум за змиски отров. Потребно е кога се движат граѓаните низ шуми или ливади да носат соодветна облека со покривање на нозете и рацете, вели д-р Костовска.

Додека најголем број од општините навреме завршија со задолжителната дезинсекција како една од превентивните мерки против комарци и крлежи, дваестина градови не ни почнале со постапката. Доколку не го почитуваат законот ќе бидат соодветно санкционирани.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top