Од почетокот на епидемијата на вирусот зика во Бразил се регистрирани се 641 бебе заболено од микроцефалија. Од болеста починале 139 бебиња, соопшти бразилското Министерство за здравство.
Владата истражува уште околу 4.222 случаи на заболени од микроцефалија.
Бројот на заболените е 9,9 отсто повисок од бројката која минатата недела ја соопшти Министерството.
На почетокот на февруари Светската здравствена организација процени дека треба да се разгледа можната врска меѓу зика и експлозијата на случаи на вродени малформации.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.