Приказната за четиригодишниот пациент во Детската болница во Нови Сад ги наполни страниците на балканските медиуми. Неговите дродители го донеле тешко болно детето, а потоа веќе 13 месеци никој не се појавил на посета или да праша за него.
Мајка на девојче кое лежело во иста соба со детето, за кое не се пренесуваат никакви дополнителни информации, раскажува дека ја сфатила состојбата додека престојувале во болницата. Му купувала обнлека и храна. Дури и откако нејзината ќерка била пуштена од лекување, таа продолжила да го посетува и да му носи понадици. Но, по некое време од болницата и ги забраниле посетите бидејќи не биле роднини.
Госпоѓата додава дека никој од семејството не се грижи за ова дете, а тоа за медиумите пренесуваат и извори од болницата.
Анонимната новосаѓанката, која работи во Франција, дури вели и дека сака да го посвои детето.
-Често го посетував додека бев во Србија. предложив и да му станам хранителка , но социјалната работничка ми рече дека нему му треба специјализиран хранител и дека немам доволно добри услови за тоа- посочила таа.
Дури вели и дека заедно со ќеркичката многу се тажни за болното детенце.
-Многу го засакавме. Молевме да не пуштат да го посетуваме барем за викендите, но не ни дозволија. Морав да се откажам од таа борба- ја продолжува приказната жената која додава дека наместо родителите, таа била тука кога детето имало тешки операции, дека го бањала и преслекувала.
Директорот на болницата во Нови Сад за медиумите посочува дека се случува родители да си ги остават децата во болница и никогаш да не се вратат по нив.
-Тогаш ги повикуваме социјални служби, наша работа е само лечењето, а тие се грижат за другото. Има родители кои имаат многу деца, па не доаѓаат често во посета- посочил директорот кој сепак додал дека заради заштита на правата на пациентите нема да коментира конкретни случаи.
Медиумите навестиваат дека сега очекуваат одговори од српските центри за социјална работа, следејќи ја судбината на несреќното болно дете.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.