| четврток, 6 декември 2018 |

Касилјас се сели во МЛС-лигата

iker kasiljas

Легендата на Реал Мадрид и шпанскиот фудбал, голманот Икер Касилјас, најверојатно ќе го напушти Порто по завршувањето на сезоната, а негова следна дестинација треба да бидат Соединетите Американски Држави и МЛС – лигата. Тој доби понуда од Њујорк Сити, клубот каде веќе играат неколку европски ѕвезди, како Франк Лампард, Давид Вилја и Андреа Пирло. Раководството на овој клуб на голот сака да го има токму Икер Касилјас.

Ветеранот минатото лето си замина од „Сантијаго Бернабеу“ и го профати предизвикот да брани за Порто, но на клубот не му оди најдобро во португалскиот шампионат, па ќе следи разделба по само една сезона. Тој има договор до 30 јуни 2017 година, но многу е изгледно да биде прекинат по само едногодишна соработка.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top