| четврток, 6 декември 2018 |

Катарците заинтересирани за енергетиката, туризмот и производство на храна

pm-qatar-so-gruevski-5Унапредување на билатералните односи меѓу Република Македонија и државата Катар со акцент на економијата и можноста за директни катарски инвестиции во македонското стопанство биле главна тема во Скопје меѓу премиерите Никола Груевски и шеикот Хамад бин Џасим бин Џабир Ал-Тани.

-Оваа наша средба е уште една потврда за успешниот нагорен тренд и развојот на севкупните односи. Тоа претставува продолжување на дијалогот на највисоко политичко ниво, изјави Груевски по средбата.

Посочени се конкретни области на заеднички интерес и можности за катарски инвестиции. Енергетиката, туризмот, производство на храна се меѓу поинтересните за катарците. Притоа разгледувана е и можноста за директна авиолинија Скопје – Доха или, алтернативно, Скопје да биде место каде ќе се застанува при летањето за некоја европска дестинација.

pm-qatar-so-gruevski-4– На Катарската делегација и беа претставени реформите во економската сфера и постигнатите резултати кои нудат опкружување за отворање и развој на доходовен бизнис, како и поволностите што ги нудиме за потенцијалните странски инвеститори, тргнувајќи од фактот дека Македонија е високо рангирана од најпознатите финансиски меѓународни институции за добрата бизнис клима и условите за правење бизнис, нагласи Груевски.

Отворањето Амбасада на државата Катар во Скопје, Груевски очекува дека ќе даде голем импулс во унапредување на соработката меѓу двете пријателски земји особено на економски план.

pm-qatar-so-gruevski-1Претставници на двете земји потпишаа меморнадуми за соработка во областа на здравството и меѓу стопанските комори. Се отвора сериозен простор за соработка во медицината на највисоко ниво, размена на кадар, искуства, технологии и методи. Меморандумот за соработка меѓу стопанските комори ќе придонесе за продлабочени и диркетни контакти во приватниот сектор и да се интензивира и зголеми економската соработка. Двете влади го отворија просторот за поцврст ангажман и соработка на приватната иницијатива и ширење на бизнисите, оцени Груевски.

Катарскиот премиер и министер за надворешни работи Ал-Тани изјави дека со македонскиот колега разговарале за четири- пет идеи за кои во јануари претстојувал нивни тим и ги разгледал можностите за нивен развој.

– Договорите што беа потпишани денеска и претходно покажуваат дека воспоставуваме солидна основа за соработката меѓу Катар и Македонија  во однос на инвестициите, земјоделството, хидроенергетската област, образованието и во високата технологија. Големината на двете земји е речиси иста и може многу добро меѓусебно да се разбереме. Охрабрени сме од реформите што се спроведуваат тука во Македонија и од подобрувањето на бизнис опкружувањето, кое е вистинското за започнување бизнис, рече Ал-Тани.

pm-qatar-so-gruevski-3Оваа е возвратна посета на претседателот на Владата и министер за надворешни работи на државата Катар шеик Хамад бин Џасим бин Џабир Ал-Тани откако македонска владина делегација минатата година претстојуваше во Катар предводена од премиерот Груевски и економски ја претстави земјата пред бизнис секторот на таа земја.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top