| четврток, 6 декември 2018 |

Прво па машко: пози и совети за зачнување момче

Некои луѓе не прават никаква разлика околу тоа дали нивната сопруга ќе роди машко или женско дете, додека други едноставно сонуваат да имаат момче во фамилијата.

sex153

За сите оние кои се решени да добијат машко еве еден мал водич направен врз основа на неколку студии и истражувања кој ќе им помогне во реализирање на желбата за зачнување на момче.

Кучешка поза

Позата која му е омилена речиси на секој маж во суштина е една од позите кои што се препорачуваат доколку сакате да добиете машко дете. Според истражувањата оваа секс поза овозможува подлабока пенетрација и пократко време за машката сперма да дојде до женските јајце клетки. Сперматозоидите од кои се зачнуваат машки деца се побрзи, но не остануваат живи онолку долго колку што остануваат сперматозоидите од кои што се зачнуваат женски деца, па затоа секое скратување на растојанието на спермата до јајце клетките е добредојдено.

Стоечка поза

Уште една поза која се препорачува за зачнување на машко дете е онаа во која имате секс додека сте во позиција на стоење. Исто како и кај кучешката поза и тука постои длабока пенетрација и полесна можност машката сперма да стигне до јајце клетката подготвена за оплодување. Иако нема научна потврда за тоа дали овој пристап функционира, оние што го испробале велат дека вреди да се проба.

 

Ништо без оргазам

Доколку сакате да зачнете машко дете треба да се опуштите и што почесто да имате оргазам. Накратко кажано во состојба на оргазам течноста во вагината станува поалкална. Промената во Ph вредноста влијае позитивно врз машката сперма со што шансите за оплодување и добивање на машко дете се далеку поголеми.

download

Почекајте ја овулацијата

Верувале или не и тајмингот кога ќе решите да го зачнете детето може да влијае врз неговиот пол. Според медицинската сестра и гинеколог Carmen Kosicek треба да избегнувате секс 4 до 5 дена пред овулацијата, па потоа да имате редовен секс за време на самата овулација. Со оглед на тоа дека машката сперма е побрза, побрзо ќе дојде со јајце клетките. Трикот е во тоа точно да ги пресметате своите денови на овулација.

Внесувајте повеќе калории

Студијата спроведена на универзитетот од Ексетер сугерира дека зголемувањето на дневното внесување на калории за плус 400 преку консумација на житарици со банана, риба и зеленчук може да доведе до зачнување на машко дете. Затоа се препорачува секое утро да консумирате житарици за појадок.

86538483

Шолја кафе пред секс

Доктор Шетлесм, автор на книгата „How to Choose the Sex of Your Baby“ препорачува пред секс партнерот да испие голема шолја силно кафе или пак газиран пијалак бидејќи тоа ја поттикнува машката сперма да биде уште побрза на својот пат до женските јајце клетки.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top