Американската компанија “Џонсон Контролс” ќе гради втора фабрика во Македонија. Договор за реализација на инвестицијата беше потпишан денеска, а предвидува изградба на нов производствен погон во Струмица, инвестиција од 20 милиони долари во кој ќе бидат вработени 1.500 луѓе. Со тоа вкупниот број на вработени во Џонсон Контролс во Македонија ќе достигне над 3.000 лица. Договорот го потпишаа Вили ван Лои, директор во компанијата “Џонсон Контролс” и Виктор Мизо, директор на Дирекцијата за тенолошки индустриски развојни зони.
На потпишувањето на договорот присуствуваа и претседателот на Владата на Република Македонија за спроведување на изборите, Емил Димитриев, претседателот на ВМРОДПМНЕ, Никола Груевски, вицепремиерот и министер за финансии Зоран Ставрески, како и вицепремиерот за економски прашања Владимир Пешевски.
Директорот на “Џонсон Контролс” Ван Лои во своето обраќање истакна дека иако во 2014 година кога беше пуштена во употрреба фабриката во Штип биле скептично за тоа дали ќе биде успешна, со тоа што две години подоцна решиле да градат втора фабрика каќува за успешноста во работењето во Македонија. Нашиот успех покажа дека сме на вистинско место, а соработката со македонската Влада во изминатите години покажа дека е вистински потег да градиме втора фабрика во Струмица, изјави Ван Лои.
Тој потенцираше дека вредноста на втората инвестиција ќе достигне 20 милиони долари, а со втората фабрика ќе имаат над 3.000 вработени во Македонија. Целото производство од ќе биде наменето за вропскиот пазар.
Директорот на Дирекцијата за зони, Виктор Мизо истакна дека со потпишување на договорот, официјално започнуваат дејствата за реализација на втората инвестиција на „Џонсон Контролс“ во Македонија.
Тој потенцираше дека во март оваа година е предвидено “Џонсон Контролс“ да започне со производство во браунфилд инвестиција, додека во новата фабрика која ќе почне да се гради ќе почне да се произведува во март следната година, а вкупниот извоз ќе достигне над 80 милиони евра годишно.
Вицепремиерот и министер за финансии Зоран Ставрески го поздрави потпишувањето на договорот и изјави дека секоја нова инвестиција е радосен настан и значи просперитет на регионот.
– Во новата фабрика во Струмица ќе бидат вработени над 1.500 лица, а тоа ќе значи и обезбедување на егзистенција за 1.500 семејства. Ниа со ова го остваривме нашето ветување кое сме го дале на граѓаните од овој регион – потенцираше Ставрески.
Претседателот на ВМРО ДПМНЕ Никола Груевски претходно на својот Фејсбук профил објави дека ова е уште една изворедна вест.
-Нови инвестиции. Нови работни места. Новиот капацитет наЏонсон Контролс ќе произведува навлаки за седишта за автомобилската индустрија. Инвестицијата е во вредност од најмалку 20 милиони долари и ќе се реализира ТИРЗ Струмица. Изградбата на фабриката треба да започне во април годинава, а во погоните е предвидено да се вработат околу 1500 наши сограѓани од Струмица и струмичко. Тоа ќе значи и поголем број на индиректни нови вработувања во владината слободна економска зона во Струмица. Нека е со среќа!-напиша Груевски на Фејсбук.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
„Џонсон контролс“: И покрај политичката криза се одлучивме за инвестиција во нова фабрика во Македонија
-
Мизо: Странските инвестиции се позитивен сигнал за Македонија
-
„Џонсон контролс“ почнува изградба на фабрика во Струмица
-
Груевски објави: Џонсон Контролс ќе гради втора фабрика, нови 1.500 работни места