Амбасадата на Шведска во соработка со Кинотека на Македонија, во среда 27 јануари, 2016 година во 20 часот во Кинотека, премиерно ќе го прикаже шведскиот филм „Приказни од Стокхолм“. Филмот е со превод на македонски и на англиски. Влезот е бесплатен, но советуваме да резервирате билети на телефонскиот број на Кинотека: 02/3065968.
„Свенска дагбладет“ го оцени како „еден од најдобрите шведски филмови на годината…“, додека за „Гетеборг постен“ тоа е „ филм од висок интернационален калибар“.
-„Незаборавни шведски ‘Кратки приказни’“- напиша „Мувизајн“
„Приказни од Стокхолом“ е современа и хумористична драма за пет лица чии патишта се вкрстуваат. Писателот Јохан, кој е опседнат со својата теорија за урбаната темнина и светлина. Пепи Даглас, кој се вљубува во напуштената бездомничка Ана. Експертот за рекламирање Џесика, на која ѝ е одбиена молбата за посвојување заради недостаток на пријатели и зависноста од работата. Томас кој не може да се фокусира на работата заради некое случајно испратено љубовно писмо. Колку светлина ни треба да се видиме еден со друг?
Режисер:Карин Фален. Главни улоги: Мртин Валстром, Јонас Карлсон, Јулиа Регнарсон и Филип Берг
времетраење. 97 минути, Година на издавање: 2014.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.