Францускиот институт во Скопје организира прикажување на филмот „М“, в петок, 19 октомври 2018, во 20 часот, во Кинотеката на Македонија.
Со оваа проекција се отвора и новата сезона на францускиот кино-клуб, во рамките на којшто еднаш месечно се прикажуваат современи француски филмови.
Се работи за прв долгометражен филм на младата актерка и режисерка Сара Форестие, којшто беше одлично прифатен од критиката.
Форестие раскажува една љубовна приказна за двајца млади од различни социјални средини, во која и двајцата треба да се соочат со неписменоста на момчето.
Во главните улоги настапуваат Сара Форестие и Редуан Аржан, а филмот е со превод на македонки јазик.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.