| четврток, 6 декември 2018 |

Обрван: Немаше никаква караница!

Ивица Обрван, селекторот на македонската машка ракометна репрезентација демантира дека имало караница меѓу него и пивотот Стојанче Стоилов.

– Немаше никаква караница. Ниту за време на мечот, ниту по завршување на истиот. Шокиран сум од ова прашање. Асполутно ништо не случило ниту во соблекувалната, ниту пред тоа. Нормално се подготвуваме и одигравме така како што одигравме. Јас не сум човек што би скрил такво нешто – изјавил Обрван за „Македонски спорт“.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top