| четврток, 6 декември 2018 |

Ракометната репрезентација останува во Полска без Данило Брестовац

danilo-brestovac

Ивица Обрван останува сам на кормилото на македонската ракометна репрезентација во втората фаза од ЕП. Неговиот помошник, Данило Брестовац мора да им се врати на обврските во екипата на Шамбери поради договорот меѓу францускиот клуб и РФМ, според кој, Брестовац беше на располагање на репрезентацијата само за првата фаза на Еврошампионатот.

На стартот од оваа сезона, Брестовац се пресели во Шамбери, каде што му беше соработник на Обрван и во клупските обврски, меѓутоа тоа значеше дека мора да се откаже од репрезентативниот ангажман.

Сепак по преговорите меѓу генералниот секретар на РФМ, Филип Милошевски и раководството на Шамбери, на Брестовац му беше дозволено да биде дел од подготовките на македонската репрезентација и првата фаза на ЕП, но сега ќе мора да се врати во француската екипа.

Данило Брестовац како помошник на Обрван, ги прави анализите за сите македонски противници и врз база на тоа се определува тактиката за секој противнички играч поединечно.

Следниот меч, Македонија ќе го одигра утре против селекцијата на Хрватска.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top