| четврток, 6 декември 2018 |

Македонија прва во Европа според можноста за пристап до интернет во сместувачки капацитети

Македонија е убедливо прва во Европа, според можноста за пристап до интернет, како услуга на туристите и патниците во  соби за сместување,  што се нудат на интернет страницата „Хоумтуго“ (Hometogo).

adsv-33595

Истражувањето, што го направила оваа веб страница, покажува дека во Македонија процентот на вакви сместувачки капацитети, преку интернет, изнесува 97,2 отсто.

Тоа е далеку над просекот во Европа, кој изнесува 65 отсто, но и над просекот на водечките западно европски туристички дестинации.

Освен Холандија, Луксембург и Монако, кои единствени имаат просек на поврзаност до 86 отсто, другите земји заостануваат во ова истражување.

Најголемо изненадување е позицијата на Шведска, која е последно рангирана, иако оваа земја, во 2015 година,  беше втора според брзината на интернетот.

Големо изненадување претставува и сознанието дека Данска и Финска (заедно со Шведска), се на самото дно на европската листа. Во овие три земји, познати по својот општ висок општествен стандард, можноста да се има пристап до интернет, е  само во четири од десет локации за изнајмување.

„Хоумтуго“ (Hometogo) има спроведено анкета во 44 европски земји и притоа е утврдено дека во Македонија, како и во Белорусија и Србија, кои се рангирани како втора и трета земја, можност за интернет врска има во 19 од 20 соби (локации) за издавање кои се наоѓаат на оваа интернет страница.

Според ова истражување, источноевропските земји се многу поопремени во овој поглед, од земјите на Западот, па  меѓу првите 11 надобро рангирани, сите се источноевропски држави.

Истражувачите го истакнуваат како изненадување и ниското ниво, регистрирано во високо развиените Шпанија, Франција, Германија и Италија, кои се и туристички велесили. Во нив, интернет конекција може да се најде само во четири од десет капацитети што се нудат за издавање на „Хоумтуго“ (Hometogo).

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top