| четврток, 6 декември 2018 |

Роман Абрамович стана татко по седми пат

 Рускиот милијардер и сопственик на фудбалскиот клуб Челси Роман Абрамович стана татко по седми пат. Неговата девојка Даша Жукова родила девојче. Според извор близок до семејството бебето ќе се вика Леа Лу.

roman_abramovich

Ова е второ дете на двојката. Синот Арон се роди во 2009 година.

Абрамович (46) има три ќерки и два сина со втората сопруга Ирина. Нивниот 16-годишен брак заврши со развод во 2007 година.
Жукова (31) израснала во САД. Таа има своја уметничка галерија во Москва и  е уредничка на списание и модна дизајнерка.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top