| четврток, 6 декември 2018 |

Обрван: Заслуживме барем бод

ivica-obrvan-1Селекторот на македонската ракометна репрезентација Ивица Обрван на прес-конференцијата по синоќешниот дуел со Полска во рамките на 2.коло на Европското првенство рече дека неговите избраници според прикажаното не требаше да бидат поразени.

– Честитки за моите играчи и за начинот на играта. Ова беше тврд натпревар во текот на целиот тек. Игравме силно пред 15.000 гледачи. Сметам дека за нашата игра заслуживме барем бод. Малку сме паднати психички, но ќе се подготвиме за најважниот натпревар што ни следи со Србија.

Голман Борко Ристовски кој имаше 11 одбрани очекува први бодови на последниот дуел од првата групна фаза.

– Прекрасно беше да се игра пред полни трибини. Тоа за мене беше одлична мотивација. Сега треба психолошки да се вратиме. Се надевам дека ќе играме подобро и дека ќе имаме шанса за победа против Србија.

Полскиот селектор Михаел Биглер им се заблагодари на навивачите за поддршката.

– Одигравме тежок натпревар сите 60 минути и изборивме пласман во следната рунда. Би им се заблагодарил на фантастичните навивачи. Тие ни помогнаа. Во првиот дел имавме проблеми во одбраната. Мора да играме со многу повеќе концентрација.

Македонија синоќа загуби од домаќинот Полска со 24:23, а за пласман во следната рунда ќе и треба барем нерешен резултат утре со Србија.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top