Благоја Милевски ќе биде промовиран во старо-нов тренер на Вардар, по нецели 3 месеци, откако беше сменет со Никола Илиевски Џиџи. Авантурата со веќе сменетиот Илиевски траеше точно 95 дена, а од првата позиција во есенскиот дел со Милевски како кормилар, Вардар падна на третото место зад Турново и Металург со Џиџи како шеф на стручниот штаб.
Во 17 часот ќе почне прес-конференцијата на клубот на која официјално треба да биде објавено заминувањето на Илиевски и враќањето на Милевски.
Раководството на „црвено-црните“ си ја призна грешката и со менувањето на Милевски, зимоска, и уште повеќе со назначувањето на Илиевски. Сепак битката за титулата не е загубена и на 8 кола до крајот, шампионот заостанвува само еден бод зад водешкиот тандем Турново и Металург. Тие имаат по 47 бода, а Вардар застана на 46.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


