За љубителите на книгата денешниот ден е последна можност да го посетат овогодишниот Саем на книгата и да ја збогатат својата домашна библиотека со некое ново книжевно дело. Токму денеска завршува 25., јубилејно издание на саемот посветен на книгите.
На 70 штанда и на површина од 3.000 квадратни метри беа претставени дела од домашни и странски автори, современи и класични литературни дела, стручна и научна литература, белетристика, енциклопедии и дела од областа на културата и уметност.
Акцијата „Подари книга, подари богатство“, која веќе трета година се одржува во рамките на Саемот на книгата, финансиски беше поддржана од Министерството за култура.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.