Актерката Лив Тајлер (38) минатиот февруари роди син, а сега на својот профил на Инстаграм објавила вест дека повторно е бремена.
– Во стомакот ми расте уште еден мал Тајлер Гарднер, нашето семејство бргу расте, толку многу сум благодарна – напишала ќерката на фронтменот на групата „Аеросмит“, Стивен Тајлер.
– Мојата преубава девојка е бремена. Толку сум возбуден. Те сакам Лив – напишал свршеникот на актерката, спортскиот агент Дејвид Гарднер.
Лив и Дејвид го имаат синот Сејлор, роден во февруари 2015 година а негов кум е Дејвид Бекам. Двојката има синови од претходните бракови.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Видео од кое заледува крв: Поп го испушта бебето од раце сред крштевка
-
Лора и Филип го чекаат своето прво дете: Сузана Турунџиева не го откри полот на бебето
-
Ако сте родиле машко бебе имате поголема шасна да страдате од постпородилна депресија
-
Секунда до трагедија: Бебе летна од рацете на мајка си кога до нив експлодирала гума (видео)