| четврток, 6 декември 2018 |

„Дубиоза колектив“ го промовира „Апсурдистан“ во живо преку интернет

Со концерт, кој можете да го проследите во живо на интернет, познатиот босански бенд Дубиоза Колектив ќе го промовира новиот албум „Апсурдистан“ на 15 април.

DK-PromoPhoto-Press-W800px

За времетраењето на концертот, фановите преку испраќање коментари ќе имаат можност да бидат во директна комуникација со бендот, а концертот ќе можете да го проследите во живо преку веб-страниците

WWW.DUBIOZA.ORG, WWW.PASSWORD.MK  или на „Фејсбук“ WWW.FACEBOOK.COM/DUBIOZA.

–  Наша желба е да оствариме директен контакт со луѓето кои ќе го следат концертот преку live stream. Тоа е најдобриот начин многу брзо да дознаеме какви реакции предизвикуваат новите песни – наведуваат членовите на групата.

– Овој тип промоција долгорочно ни овозможува целосна независност од кој било традиционален медиум. В понеделник, 15 април, во 20.30 часот, кога ќе завршат сите ТВ-дневници, можете да седнете пред вашиот компјутер, да ја посетите „веб-страницата www.dubioza.org“ и да ги погледнете и слушнете десетте нови песни во живо. По преносот во живо ќе се отворат линковите за бесплатно преземање на албумот „Апсурдистан“.  Ако ви се допадне она што сте го слушнале, преземајте. Уште една причина за овој начин на презентација на албумот е да се избегне онаа класична промоција во некоја кафеана каде што мораш да ставиш овали полни со пити и суџуци за гостите и за новинарите – додаваат од „Дубиоза“.

Веднаш по концертот, новиот албум ќе биде достапен и за бесплатно преземање од веб-сајтот на групата. Тоа е веќе вообичаена и успешна процедура за „Дубиоза колектив“ бидејќи последниот албум „5 до 12“ на истиот начин беше преземен неверојатни 350.000 пати.

Албумот „Апсурдистан“ исто така ќе се појави во продажба и како ЦД издание, кое покрај десетте нови песни, ќе содржи и три ремикси (достапни само на ЦД изданието).

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top