| четврток, 6 декември 2018 |

Камбоџанскиот премиер ја почна предизборната кампања на Фејсбук и Твитер

Камбоџанскиот премиер Хун Сен, кој со државата управува веќе 18 години, ја започна својата нова предизборна кампања со поставување на лични видео пораки на Фејсбук и Твитер. Тој соопшти дека идејата му е да се доближи до помладите избирачи, најчестите корисници на Андроид апликациите.

Иако изборите во Камбоџа ќе се одржат по две години, сегашниот премиер смета на поддршка на помладите гласачи. Над 64 отсто од сегашните жители во Камбоџа се помлади од 30 години.
По крвавите настани кон крајот на минатиот век, кога Камбоџа ја потресуваа сликите од „полињата на смртта“, на кои загинаа над 2 милиони луѓе, по мирот Камбоџа влезе во мирни и демократски води. Хун Сен победуваше на изборите без поголеми проблеми, сѐ до последните одржани во 2013 година, кога победи тесно, а опозицијата го обвини за лажирање на резултатите.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top